Францускиот претседател Макрон во британскиот парламент: Европа нема никогаш да ја напушти Украина

130
Фото: EPA-EFE/HOW HWEE YOUNG

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека „коалицијата на волните“, која ја основаа Париз и Лондон за помош на Киев, дава јасен сигнал дека „Европа нема никогаш да ја напушти Украна“.

Обраќајќи се во британскиот парламент, Макрон рече дека коалицијата „ќе се бори до последен момент“ за постигнување прекин на огнот во Украина, за започнување преговри и изградба на цврст и одржлив мир.

„Се работи за нашата безбедност и за нашите заеднички принципи“, рече Макрон.

Франвускиот лидер предупреди дека на Блискиот исток “војната без крај и без стратешка цел претставува огромна закана за регионот и за нашата колективна безбедност“.

Тој истакна дека се залага за прекин на огнот во тој регион преку решение за двете држави, Палестина и Израел, пренесува „Гардијан“.

Сакаме прекин на огнот, без дискусија“, рече тој. Тој вели дека на крајот, „заедничката работа за признавање на државата Палестина и започнување на овој политички моментум е единствениот пат до мир“.

Макрон истакна дека Европа не треба премногу да се потпира на САД или Кина, предупредувајќи дека континентот треба „да се ослободи од ваквите ризици“.

„Сакаме отворен свет. Сакаме да соработуваме, но да не зависиме. И секој пат кога зависиме, секој пат кога не сме во можност да се спротивставиме и да одлучиме и да се согласиме дека не се согласуваме, тоа е почетокот на нашиот проблем“, рече тој.

Тој рече дека Европа треба да ги брани своите демократски модели од странско мешање, дезинформации и деструктивно влијание на социјалните медиуми, наведувајќи ја серијата на Нетфликс „Адолесценција“ како таа што го покренала прашањето, додавајќи дека се потребни нови регулативи во оваа област.

ИЗДВОЕНИ