Францускиот министер за надворешни работи: Хамас мора да ја прифати „капитулацијата“

31

Жан-Ноел Баро рече дека палестинската група Хамас, која го разгледува предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за мир во Газа, сега е „поразена“ и мора да капитулира.

Американскиот план од 20 точки предвидува дека Хамас нема да има никаква улога во идното управување со Газа, кое ќе помине низ процес на „демилитаризација“.

Во планот, исто така, се наведува дека членовите на Хамас кои ќе се обврзат на мирен соживот и ќе го предадат оружјето ќе добијат амнестија, додека оние кои сакаат да ја напуштат Газа ќе добијат безбеден премин до земјите што ги прифаќаат.

„Хамас сноси многу голема одговорност за катастрофата што ја доживуваат Палестинците“, изјави Баро за АФП. „Tие се поразени. Мораат да ја прифатат сопствената капитулација.“

Претходно, портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека Трамп го смета предлогот за „црвена линија“ и дека Хамас ќе се соочи со „последици“ ако не го прифати.

ИЗДВОЕНИ