Француски суд денеска го осуди поранешниот анестезиолог Фредерик Пешје на доживотен затвор поради труење на десетици пациенти, од кои 12 починале, јавуваат француските медиуми.
Судењето против Пешје започна на 8 септември пред судот во источниот француски град Безансон, а тој беше прогласен за виновен по 30 точки од обвинението за труење. Судот одлучи дека осудениот ќе мора да помине најмалку 22 години во затвор пред да може да побара условно ослободување.
Пешиер работел како анестезиолог во две болници во источна Франција и, според обвинението, намерно труел пациенти на возраст од четири до 89 години, предизвикувајќи им срцев удар.
Неговата најмлада жртва, четиригодишно дете, доживеала два срцев удари за време на рутинска тонзилектомија во 2016 година. Најстарата жртва имала 89 години.
„Вие сте доктор смрт, трујач, убиец. Ги срамите сите лекари“, рекоа обвинителите минатата недела. „Ја претворивте оваа клиника во гробишта.“
Покрај затворската казна, судот трајно му забрани да се занимава со медицина.
Според француската телевизија BFM TV, Пешје не покажал видлива емоција кога била објавена пресудата, додека членовите на неговото семејство колабирале во судницата. Во текот на целиот судски процес, тој ги негираше обвиненијата, тврдејќи дека не е одговорен за труењата.
„Ќе го кажам тоа и секогаш ќе го повторувам: не, јас не сум трујач“, изјави Пешје во своето завршно обраќање пред поротата.
Обвинителството побара доживотна казна затвор, а судот во целост го прифати тој предлог.












