понеделник, февруари 2, 2026
Дома СВЕТ Француската Влада денеска преживеа два предлога за гласање недоверба

Француската Влада денеска преживеа два предлога за гласање недоверба

13

Два предлога за недоверба на француската Влада беа отфрлени вчера, при што предлогот на крајно левичарската партија Франција непобедлива (ЛФИ) доби само 269 гласа, додека предлогот на десничарскиот Национален собир (РН) доби само 142 гласа.

За усвојување на предлозите за недоверба беше потребно апсолутно мнозинство од 288 гласа, објави телевизијата БФМ.

Медиумите претходно објавија дека се чини дека премиерот Себастијан Лекорни  и неговата Влада добиле доволно политичка поддршка, особено од социјалистите, за да го преживеат гласањето за недоверба, што и се потврди.

ИЗДВОЕНИ