Француската полиција има 7 дена да го пронајде накитот од Лувр или ќе исчезне

319
EPA/Mohammed Badra

Уметничкиот детектив Артур Бренд денес го нарече грабежот во музејот Лувр „кражба на деценијата“ и додаде дека полицијата ќе треба да ги пронајде виновниците за само една недела за да ги врати „непроценливите“ предмети.

Тој за Скај њуз изјави дека крунските скапоцености се толку познати што едноставно не можат да се продадат и дека единственото нешто што може да се направи е да се стопи среброто и златото, да се одделат дијамантите или да се исечат.

„На тој начин веројатно ќе исчезнат засекогаш. Полицијата има само една недела. Ако ги фатат крадците, работите би можеле сè уште да бидат кај нив. Ако потрае подолго, пленот веројатно ќе исчезне. Тоа е трка со времето“, рече Бренд.

Францускиот министер за правда Жерар Дерманин оцени дека грабежот е неуспех на француските безбедносни служби.

ИЗДВОЕНИ