Француската полиција трага по украдениот накит од Лувр, истрагата води кон Антверпен

37
EPA/YOAN VALAT

Француската и белгиската полиција трагаат по накит во вредност од 102 милиони долари украден од Лувр, а истрагата сега сè повеќе води кон „подземјето“ на индустријата за накит во Антверпен, за која се верува дека со години била „канал за перен украден накит од цела Европа“, објави Ројтерс.

Во часовите по грабежот во Лувр, белгиската полиција доби предупредување од мрежата „Розов дијамант“, која ја следи Европол, да биде на штрек поради обиди за продажба на украдените скапоцени камења.

„Од моментот кога се случи, особено во Антверпен, бевме во состојба на висока готовност“, изјави еден полицаец за Ројтерс.

ИЗДВОЕНИ