Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека француската морнарица денес запленила нафтен танкер од Русија.
„Француската морнарица утрово заплени танкер за нафта од Русија, под меѓународни санкции и за кој се сомнева дека е под лажно знаме. Операцијата е спроведена во Средоземното Море“, рече Макрон на платформата X.
Макрон нагласи дека операцијата е спроведена со помош на неколку сојузници, во согласност со Конвенцијата на ОН за морско право, и рече дека нема да толерира никакво кршење на законот.












