Франција затрупана со снег/ФОТО/ВИДЕО

1

Француските метеоролози издадоа жолто временско предупредување за обилни врнежи од снег и мраз во 82 департмани за денес, објавија локалните медиуми. Сообраќајот е отежнат денес откако синоќа наврна обилен снег во планинскиот Масив Централ, Нормандија и во близина на Пиринеите, објави телевизијата BfM.

Возачите се предупредени да бидат исклучително внимателни во департманот Горна Лоара, соопштија од патниот орган на регионот Масив Централ. Националниот автопат N88 што ги поврзува Лион и Тулуз беше блокиран во близина на Сен-Остиен, предизвикувајќи бројни застои. Во департманот Горна Лоара, условите за возење се многу тешки во градовите Пиж ан Вел и Ле Пертуис.

Кога станува збор за Нормандија, метеоролозите велат дека најмногу снег наврнало во градот Сен-Жан-де-Боа, со снежна покривка од 5 сантиметри.

Како што предупредија метеоролошките служби, снег се очекува и денес во пониските региони, особено во централна и источна Франција.

ИЗДВОЕНИ