Франција започна со воздушен транспорт на помош за Газа

74
EPA/MOHAMMED SABER

Франција денес започна со воздушен транспорт на 40 тони хуманитарна помош во Појасот Газа, апелирајќи до Израел да дозволи целосен пристап до областа, која, според неа, тоне во состојба на глад.

„Соочени со апсолутна итност, штотуку извршивме воздушен транспорт на храна во Газа. Им се заблагодарувам на нашите партнери од Јордан, Обединетите Арапски Емирати и Германија за нивната поддршка, како и на нашите воени единици за нивната посветеност“, напиша францускиот претседател Емануел Макрон во објава на социјалната мрежа X.

Макрон додаде дека воздушните транспорти не се доволни и нагласи дека Израел мора да отвори целосен хуманитарен пристап за да спречи глад.

ИЗДВОЕНИ