Француската ракометна репрезентација забележа историска победа над Португалија од 46:38 во главната фаза на Европското првенство што се одржува во Данска, Норвешка и Шведска

Брнителот на титулата одигра неверојатен натпревар и на истиот забележаа три рекорди на евро-шампионатите. Франција и Португалија поставија нов рекорд по бројот на постигнати погодоци на еден натпревар, вкупно 84. На стартот на шампионатот беше поставен рекордот со победата на Словенија над Црна Гора од 41:40, а претходниот го држеа Белорусија и Исланд (39:38) од 2016 година.

Освен тоа, Французите постигнаа најмногу голови на еден натпревар, вкупно 46 и ја повторија партијата која ја имаа против Украинците во првата групна фаза. Освен тоа, рекордни се и 28. погодоци во првото полувреме.

Дика Мем беше најефикасен во победничкиот состав со осум погодоци, додека Фабрегас придонесе со шест. Кај Португалија се истакна колективниот учинок, со пет ракометари кои постигнаа по пет гола – Брандао, Бранкињо, Фраде, Итуриза и Роча.

Во следното коло Франција ќе се соочи со Шпанија, додека Португалија ќе бара поправен против селекцијата на Норвешка.

EPA/Bo Amstrup DENMARK OUT

Ракометната репрезентација на Германија ја совлад Норвешка 30:28 во клучна битка од главната фаза на Европското првенство. Германците со овој триумф се вратија на водечката позиција во групата пред главните битки против Германија и Данска за место во полуфиналето.

Најголем херој на натпреварот беше голманот Андреас Волф со 23 интервенции.

Во вториот дел освен Волф блесна и талентираниот Марко Гргиќ кој даде седум погодоци и ги поведе своите соиграчи до победата. Во таборот на Норвешка по пет реализации имаа Сагосен, Педерсен и Гуликсен.

Данска ја надиграа Шпанија со 36:31 со што се приклучија на Франција и Германија во трката за пласман во полуфинале.

Најдобар стрелец кај Данска беше Јакобсен со осум голови, додека Фис запиша девет погодоци за Шпанија.

На две кола до крајот на главната фаза Германија е на лидерската позиција во првата група со 6 бода, пред Франција и Данска со 4, Норвешка и Португалија имаат оо 2, а Шпанија е последна без бодови.

Утре силите ќе ги одмерат: Португалија – Норвешка, Шпанија – Франција и Данска – Германија

ИЗДВОЕНИ