Француската влада објави дека американскиот актер Џорџ Клуни, неговата сопруга Амал и нивните близнаци Ела и Александар добија француско државјанство.
Одлуката за доделување државјанство на американскиот актер роден во Кентаки, ѕвездата од серијата „Оушн“, и неговото семејство беше објавена минатиот викенд во Службен весник, пренесе „Бета“.
Одлуката покажува дека адвокатката за човекови права Амал Клуни добила државјанство под нејзиното моминско презиме Амал Аламудин. Исто така, се наведува дека средното име на Клуни е Тимоти.
Двојката купи имот во Франција во 2021 година.
Во интервју за „Ескваер“ во октомври, Клуни ја опишал својата „фарма во Франција“ како нивно главно живеалиште, одлука што 64-годишниот актер и неговата 47-годишна сопруга ја донеле имајќи ги предвид своите деца.
„Бев загрижен за одгледувањето на нашите деца во Лос Анџелес, во културата на Холивуд“, изјави тој за списанието.


![[Интервју] Тамара Котевска: Приказните за Македонија допрва ќе се раскажуваат!](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2025/12/nas-1-450x300.jpg)









