сабота, јануари 17, 2026
Дома СВЕТ Франција го напушта НАТО? Поднесен парламентарен предлог за излез од алијансата

Франција го напушта НАТО? Поднесен парламентарен предлог за излез од алијансата

43
Foto: Pexels

Во Франција за прв пат е поднесен парламентарен предлог со кој се бара повлекување на земјата од НАТО, а иницијативата ја покрена заменик-претседателката на Националното собрание и членка на левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), Клеманс Гете.

Резолуцијата повикува на раскинување со западниот воен сојуз и доаѓа во време на растечки сомнежи за улогата на САД и насоката на европската безбедносна политика, објавува „Берлинер Цајтунг“.

Гете рече дека политиките на САД, вклучувајќи го „нелегалното киднапирање на претседателот на Венецуелa, Николас Мадуро“, заканите кон Гренланд, санкциите врз европските претставници и наметнувањето трговски договори – покажуваат дека САД „ефикасно ѝ доделуваат на ЕУ статус на вазална држава“.

ИЗДВОЕНИ