Франција ги ублажи правилата за производство на некои од своите најпознати сирења, откако сушата ги принуди производителите да ја променат исхраната на кравите чие млеко го користат за производство на сирењето, пишува Frankfurter Rundschau (FR).
Владата во Париз дозволи одредени отстапувања од инаку многу строгите правила за добивање статус на заштитена ознака за потекло (AOP).
Исклучок е направен за видовите сирење „Конт“, „Бофор“, „Абонданс“, бидејќи месеците суша целосно ги исушија пасиштата во француските Алпи и планините Јура, каде што се произведуваат овие сирења.
Заштитената ознака за потекло не само што носи строги правила за местото на производство, туку и со што се хранат кравите чие млеко се користи за производство на сирењето. Стамува збор исклучиво за трева и сено, при што најмалку три четвртини од неа мора да доаѓаат од гореспоменатиот алпски регион.
Во француските Алпи, типичната ароматична трева престана да расте ова лето поради суша, а земјоделците беа принудени да ги надополнуваат своите крави со увезена трева, сено и друга храна.
Кравите мора да пасат на пасишта најмалку 150 дена, а не повеќе од 30 проценти од нивната сува храна може да доаѓа од области на Франција кои не се дел од департманот Горна Савоја.
Француската агенција за контрола на ознаките за потекло INAO затоа одобри привремено ослободување за гореспоменатите сирења, како и за цела низа други познати географски заштитени сорти, иако некои од овие ослободувања сè уште се разгледуваат.
Тврдото сирење во планинскиот венец Јура е направено од сурово млеко од крави од Монбелијар и Симентал, а експертите се согласуваат дека својот вкус го должи на ароматичните растенија од областа.
Сепак, зелените површини и пасиштата во Франција имаа за една третина помал принос оваа година од повеќегодишниот просек до 10 август, пренесе „Бета“.












