Франција прими повредени во пожарот во Швајцарија

14
EPA/YVES HERMAN / POOL

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа зјави дека француските здравствени установи ги примаат повредените во пожарот во Швајцарија во кој загинаа повеќе од 40 лица, а повеќе од 100 беа повредени.

„Франција ги прима повредените во своите болници и е достапна да пружи секаква помош.

Благодарност до тимовите и мобилизираните здравствени работници“, напиша тој на социјалните мрежи по телефонскиот разговор со швајцарскиот претседател Ги Пармелин. Макрон не прецизираше колку повредени лица се лекуваат во Франција или во кои болници.

„Нашите мисли се со семејствата“, додаде тој, изразувајќи ја „солидарноста“ на Франција со својот швајцарски сосед по случаен пожар во преполн бар на новогодишната ноќ во луксузниот швајцарски скијачки центар Кран-Монтана. Пожарот одзеде повеќе од 40 животи, а повреди околу 115 лица, според кантоналната полиција Вале.

„Нашите дипломатски и конзуларни тимови ја следат ситуацијата и им ја обезбедуваат потребната помош на нашите граѓани погодени од оваа трагедија“, додаде Макрон.

Најмалку двајца француски државјани се меѓу повредените, според соопштението на француското Министерство за надворешни работи, пренесува Танјуг. Сопственици на барот во ски-центарот се исто така француски пар, објавија француските медиуми.

ИЗДВОЕНИ