Фотоволтаични панели на покривот на училиштето „Свети Кирил и Методиј“

30

Во основното општинско училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Општина Центар се поставуваат фотоволтаични панели на покривот.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информираше дека, по завршувањето со поставување фотоволтаични панели на училиштето „Киро Глигоров“, се продолжува и во другите училишта.

– Општина Центар е енергетски независна општина, општина што е прва и има основано претпријатие за производство и за продажба на електрична енергија „Енергија Центар“. Продолжуваме да го користиме сонцето и преку обновливи извори на енергија да ги задоволуваме потребите за струја во нашите училишта и со тоа да ги намалуваме сметките на самите училишта – истакна Герасимовски. 

Од Општина Центар наведуваат дека со поставувањето фотоволтаични панели во училиштата, се обезбедуваат подобри услови за наставниот процес, се поттикнува еколошката свест кај младите генерации и се создава пример што може да го следат други институции.

 

ИЗДВОЕНИ