среда, јули 15, 2026
Дома СПОРТ ФОТОВЕСТ: Сите патишта водат кон скопското „Вембли“

ФОТОВЕСТ: Сите патишта водат кон скопското „Вембли“

36

Од стартот на 1/16 финалната фаза на Светското првенство кое се одржува во САД, Мексико и Канада, Градскиот парк во Скопје е главна локација на сите љубители на најважната споредна работа на денешницата.

Популарното „Вембли“, тревникот пред јужната трибина на националната арена „Тодор Проески“, е последната дестинација на фудбалските фанови кои пред големиот ТВ-бим ги следат најинтересните натпревари од Мундијалот.

Така беше и во вторникот, кога голем број навивачи го следеа полуфиналниот дуел помеѓу репрезентациите на Франција и Шпанија. Повторно се бараше место повеќе, а имаше и такви кои, за да фатат некое поубаво место, беа подготвени да бидат во Градскиот парк и неколку часа пред да почне натпреварот. Освен во интересните натпревари, гостите можат да уживаат и во ладни пијалаци и во традиционалната улична храна.

ИЗДВОЕНИ