Новогодишните и Божиќните празници поминаа, помина и Василица и Водици. Град Скопје по празнувањата реши да го раскити Скопје.

На плоштадот „ Македонија“ можеа да се забележат работници кои работат на отстранувањето на новогодишните украси, како и елката која, кога беше поставена предизвика низа коментари во јавноста.

Град Скопје почетокот на празничната сезона со големо осветлување на Градскиот плоштад, проследено со богата програма и секојдневни настани го означи на 15 декември 2025 година.















