среда, јули 22, 2026
Дома СКОПСКА Фотовест: Почувствувајте ја магијата на пролетта во центарот на градот

Фотовест: Почувствувајте ја магијата на пролетта во центарот на градот

314

Доколку сакате да ја почувствувате магијата на пролетта и да ги вдишите прекрасните мириси што таа ги нуди, посетете ја улицата „Максим Горки“, бидејќи тоа го нудат прекрасните јапонски цреши со своите розови цветови, чија нежна боја едноставно милува.

Бидејќи нивните цветови не траат долго, не колебајте се и поминете во овој дел од Скопје, застанете за миг, воздивнете и впијте го секое задоволство што го пружа ова годишно време заедно со убавиот дрворед и дајте си оддишка на душата.

Првиот дрворед со јапонски цреши на „Максим Горки“ беше засаден пред повеќе од две децении, но во ноември 2019 година беше обновен со 18 нови јапонски цреши.

Фото: (П.С.)

 

ИЗДВОЕНИ