За негрижата за Градски парк периодов често пати реагираат скопјани. Неискосена и сува трева, наместо зелен рај за граѓаните каде ќе избегаат од жештината. Единствената голема градска оаза стана место кое наместо да привлекува, одбива со својот сегашен изглед, поради тоа што надлежните не го одржуваат.
Дополнителен доказ за тоа дека никому не му е грижа за најголемиот парк во Скопје е отцепената голема гранка од дрво која паднала врз клупите каде што треба да земат здив посетителите и случајните минувачи. Згора на се, пак доколку во моментот седел некој на нив можел и да настрада.
Треба ли со фотографии да се укажува на она што треба да биде секојдневна работа на оние чија главна дејност е одржувањето на зеленилото во градот. Граѓаните заслужуваат да имаат достојно место каде ќе можат да се скријат од жешкиот асфалт, а за тоа треба да се погрижат оние што се задолжени за тоа.
Фото: Ѕ.П.