Ниту надвозникот кај плоштадот „СкендерБег“ не е поштеден од несовесни граѓани. Мала депонија не може, а да не го привлече вниманието на минувачите. Можат да се видат пластични шишиња, како и друг комунален отпад.
Не секогаш вината треба да се фрла на јавното претпријатие „Комунална хигиена“, иако, рака на срце се уште редовно не го собира сметот од домаќинствата и контејнерите. Вината треба даја бараме во нас граѓаните, меѓу кои за жал се уште има и такви кои не водат грижа за животната средина.
Фото: (П.С.)












