Кога не реагираат надлежните навреме, граѓаните самите изнаоѓаат решенија.
За да се заштитат од отворената шахта среде тротоар, на улицата „Славко Јаневски“, некој се сетил наместо капак, да постави конусен знак.
Она што загрижува е што институциите воопшто не се грижат за безбедноста на граѓаните, бидејќи и капакот што претходно бил поставен на шахтата бил од лесно кршлив материјал, а не железен.
Дополнително е тоа што не се санира штетата навреме. Некој треба да понесе одговорност за ова, бидејќи некој може да настрада. А, за тоа дали се случило такво нешто, не можеме да гарантираме.