Во Скопје не постои ограничување каде што може некој да си постави привремено живеалиште.
Во строгиот центар на градот, под дебела сенка во Паркот на новинарите спроти зградата на поранешна НИП „Нова Македонија“, каде што се сместени повеќе министерства, најверојатно бездомници, криејќи се од жешкото сонце, си принаправиле импровизиран дом, каде што се сместени.
Ова не единствен пример и единствено место каде што се населуваат бездомниците. Тоа го прават и на кејот на реката Вардар во центарот, а и под мостот „Мајка Тереза“, исто така во централното градско подрачје. Често пати можат да се видат дури и легнати на клупи или во некој агол кај трговските центри во градот.
Ова е аларм за надлежните да се заложат и да им помогнат на овие лица, бидејќи како сите така и тие се граѓани на овој град.
Фото: Ѕвонко Плавевски (А. П.)