Ѓубрето стана главен декор на Скопје. Среде центар, под мостот кај хотелот „Холидеј ин“, од страната на МНТ, купови ѓубре насобрани во реката Вардар.
Пластични шишиња, гранки од дрвја и што уште не. Ова не е прв пат да се пишува за несовесниот однос на граѓаните, но и за индолентниот однос на надлежните кои треба да се грижат за хигиената во главниот град.
Останува на совеста на скопјани, но и на одговорноста на надлежните институции за да може да се подобри катастрофалната состојба со чистотата во градот, но и да се сменат впечатоците на туристите што ќе ги понесат со себе по посетата на Скопје.
(А. П.) Фото: (Ѕ. П.)