Акцијата за чисто Скопје и понатаму продолжува. И вчера на плоштадо „Македонија“ можеа да се забележат работници кои работеа на негово чистење.

Со цистерна на Бригадата за противпожарна заштита и хемиско средство продолжи чистењето на Градскиот плоштад за да заблеска. Се чистеа плочките. Деловите кои не беа поминати беа речиси сиви и видно се разликуваа од оние каде е исчистено со средство кои беа бели. За да биде ефектот комплетен се менуваа и светилките на канделабрите поставени на Градскиот плоштад.

Освен тоа, се чистеа и плочките на кејот.














