Фотографија генерирана од вештачка интелигенција шири тврдења дека пукањето на плажата Бонди било инсценирано

97
EPA/MICK TSIKAS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Фотографија генерирана од вештачка интелигенција на човек со крваво лице се користи за ширење лажни тврдења дека пукањето на плажата Бонди е инсценирано , а е прегледана повеќе од 10 милиони пати на социјалните мрежи.

Лажната фотографија наводно прикажува како на една од жртвите на нападот  шминкер и нанесува лажна крв на она што изгледа како филмски сет покрај плажа, објавува Би-Би-Си.

Човекот што седи на земја личи на Арсен Островски, израелски адвокат кој бил изгребан во главата од куршум и споделил фотографии од неговите повреди на социјалните мрежи, објави Танјуг.

„Ги видов овие фотографии додека ме подготвуваа да одам на операција и нема да и придавам значење на оваа болна кампања на лаги и омраза со одговор“, изјави Островски за BBC Verify.

ИЗДВОЕНИ