Фотографиите од Џенифер Лопез во хеланки го полудеа интернетот: „Таа е вистинска бомба“

303
epa12246256 US singer Jennifer Lopez performs during her Tenerife Cook Music Fest concert in Santa Cruz de Tenerife, Canary Islands, Spain, 18 July 2025. EPA/Alberto Valdes

ФОТО: Х

Американската пејачка и глумица Џенифер Лопез (56) беше фотографирана во Њујорк откако заврши еден од своите проекти, и иако официјално не беше пред камерите, таа, како и секогаш, привлече целосно внимание.

Облечена во тесни хеланки кои ја истакнуваа нејзината беспрекорна фигура и бели патики, Џенифер изгледаше опуштено, но исклучително дотерана. Папараците кои ја следеа пред снимањето не пропуштија да го забележат моментот кога таа си замина.

Фотографиите набрзо станаа вирални на социјалните мрежи, а бројните обожаватели не го криеја своето воодушевување од нејзиниот изглед. „Таа е бомба“, „Изгледа премногу добро“, „Какво тело“, коментираа корисниците на платформата X.

За потсетување, Џенифер често ги „чести“ своите обожаватели со прекрасни фотографии на социјалните мрежи каде што често ја покажува својата импресивна фигура и беспрекорен стил.

 

ИЗДВОЕНИ