Холивускиот режисер Брет Ратнер, кој неодамна го режираше филмот „Меланија“, се појави во најновото издание на таканаречените документи за Епстин од страна на Министерството за правда на САД (DOJ). Документите вклучуваат фотографија од него како седи на кауч и прегрнува непозната жена, објави „Би-би-си“.
Режисерот на серијата „Шпиц“ седи на кауч, облечен во бела кошула и фармерки, и прегрнува млада жена, седната до озлогласениот финансиер Џефри Епстин.
На фотографијата има и втора жена, која седи од другата страна на каучот. Лицата на двете жени се скриени, а нивните идентитети се непознати.
Министерството за правда на САД ги објави фотографиите во петок како дел од голема колекција документи поврзани со Епстин. Ратнер се појави и во претходното објавување на материјалите на Епстин, во кое тој позира покрај голиот Жан-Лук Брунел, францускиот моден агент кој изврши самоубиство во затворска ќелија во 2022 година.
Брунел беше обвинет за силување дете. Документарниот филм „Меланија“ е првиот голем проект на Ратнер откако бројни жени го обвинија за сексуално вознемирување во 2017 година.
Документарецот, кој се фокусира на првата дама на САД, Меланија Трамп, беше лошо прифатен од критичарите. „Амазон“ плати дури 40 милиони долари за глобалните права за прикажување на филмот, а потроши дополнителни 35 милиони долари за маркетинг.
„Не ја познавав, но кога ја запознав, таа целосно ме освои“, им рече Ратнер на новинарите на црвениот килим на премиерата на филмот. Ратнер не одговори веднаш на прашањата на американските медиуми за објавените фотографии.












