Фотограф го фати во акција: Погледнете што правел советникот на Трамп, ден пред неговото отпуштање/ФОТО

744
EPA EFE WILL OLIVER

Повеќе од 20 членови на Националниот совет за безбедност (НСЦ) се отпуштени од почетокот на април, вклучувајќи четворица високи директори, откако контроверзната активистка Лаура Лумер му предаде на Трамп список на наводно „нелојални“ вработени.

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток го разреши советникот за национална безбедност Мајк Волц, именувајќи го државниот секретар Марко Рубио за негов привремен наследник на таа позиција. Ова беше првата голема промена во внатрешниот круг на Трамп откако тој повторно ја презеде претседателската функција на почетокот на годината.

Трамп преку социјалните мрежи објави дека планира да го номинира Волц за следен амбасадор на САД во Обединетите нации, нагласувајќи дека тој „работел напорно за секогаш да ги става интересите на Америка на прво место“.

Иако Белата куќа официјално не ги коментираше причините за отпуштањето, Ројтерс и други извори велат дека клучен фактор била улогата на Волц во неодамнешниот безбедносен скандал. Имено, Валц ненамерно го вклучил главниот уредник на „Атлантик“ во приватен разговор на „Сигнал“ во кој биле дискутирани чувствителни детали од американската воена кампања во Јемен. Објавениот извештај предизвика лавина критики и во рамките на администрацијата.

Волц, според извори блиски до Белата куќа, веќе некое време е мета на незадоволство поради лошата координација на надворешната политика и претерано агресивниот пристап, што е во спротивност со попретпазливиот став на Трамп кон воениот ангажман. Неговиот заменик, Алекс Вонг, експерт за азиски прашања, исто така мораше да поднесе оставка.

Иако Белата куќа тврди дека апликацијата „Сигнал“ има официјална лиценца за употреба, фактот дека Волц бил виден како ја користи апликацијата за време на состанокот и комуницирал со клучни функционери, вклучувајќи ги потпретседателот Џ.Д. Венс и директорката на разузнавачката заедница Тулси Габард, дополнително покрена сомнежи за безбедноста на комуникациите.

ИЗДВОЕНИ