среда, февруари 11, 2026
Дома СПОРТ ФОТО: Вардар тераше мајтап со Арсими и го почасти со петарда

ФОТО: Вардар тераше мајтап со Арсими и го почасти со петарда

25

ФОТО: П.Стојановски

Есенскиот шампион, тимот на Вардар, продолжи таму каде што застана после првиот дел од новата сезона во македонската Прва фудбалска лига. „Црвено-црните“ не дозволија никакво изненадување во првото пролетно коло и сосема заслужено со убедливи 5:1 го торпедираше новајлијата во елитното друштво, тимот на Арсими.

Најтрофејниот македонски клуб дојде до убедливо водство со погодоците на Цветковиќ, Николов, Велковски, Босанчиќ и Омерагиќ, а почесниот погодок за гостинот беше дело на Цуцули кој успешно го изведе ударот од белата точка.

Вардар, како првопласиран, има четири бода повеќе од второпласираната Струга ТЛ, а на третата позиција е бранителот на тронот, тимот на Шкендија, кој има негатива од шест бода.

ИЗДВОЕНИ