ФОТО: П.Стојановски
Дерби натпреварот во македонската Прва кошаркарска лига, помеѓу екипите на ТФТ и Куманово, заврши со триумф на домаќинот од 80:64. Стенли со 23 поени го предводеше ТФТ до нова победа, а кај Куманово Стевановиќ беше најефикасен со 20 поени.
Освен по триумфот на домаќинот, овој дуел дефинитивно ќе биде запаметен и по пожртвуваноста на кошаркарот на ТФТ и репрезентативец на Македонија, Тома Стојаноски, кој во една ситуација лавовски се бореше за топката и го доби дуелот со противничките кошаркари.

















