ФОТО: П.Стојановски
На плоштадот „Скендербег“ во Скопје започна собирот за поддршка на поранешните команданти на Ослободителната војска на Косово, кои чекаат судење во Меѓународниот кривичен суд во Хаг. На собирот, присуствуваат неколку илјади граѓани кои имаат албански знамиња и обележја на ОВК.
Протестот за поддршка на поранешните водачи на ОВК на кои им се суди во Судот во Хаг е организиран од лидерот на ДУИ, Али Ахмети.















