
Џуд Белингам ќе го пропушти почетокот на сезоната со Реал (М) поради операција на рамото што ја имаше пред неколку недели. Англичанецот моментално е на одмор, а главна тема е фотографијата што се појави на социјалните мрежи на која се гледа лузната на неговото рамо.
Белингам пристигна во Реал (М) од Борусија Дортмунд пред две сезони, а трансферот се покажа како целосен успех за „кралскиот клуб“.
Сепак, дури и кога пристигна од Дортмунд, левото рамо веќе му предизвикуваше одредена непријатност, но англискиот играч од средниот ред успеа да одигра две сезони во дресот на Реал.
На крајот од минатата сезона, Белингам сфати дека е време да реши проблем што го мачеше долго време. Веднаш по Светското клупско првенство, тој одлучи да се подложи на операција и го започна своето закрепнување.
Играчот за врска го чека малку подолга пауза и ќе го видиме повторно на теренот дури кон крајот на октомври.
Ова значи дека Чаби Алонсо ќе биде без најдобриот играч на почетокот од новата сезона, но Реал го прифати тоа бидејќи е крајно време Белингам да го реши проблемот што го мачи подолго време.
По операцијата и почетното закрепнување, Белингам конечно доби заслужен одмор и одлучи да отпатува за Јамајка, каде што ќе остане некое време.
Неговото доаѓање привлече големо внимание и многумина сакаат да го запознаат и да се фотографираат со него. Некои од нив успеаја да го сторат тоа, но една фотографија е особено во центарот на вниманието.
Поради маицата што ја носеше, можеше да се види лузната на неговото рамо, што ги изненади многумина бидејќи не очекуваа да биде толку очигледна.
Вообичаено денес, лузните се речиси невидливи по операцијата, но бидејќи операцијата беше малку посложена, очигледно не можеше да се скрие толку многу.
Навивачите на Реал (М) го поддржаа Белингам во коментарите и покажаа дека едвај чекаат да се врати на теренот.