ФОТО: Џенифер Лопез во убиствено издание: Гордо ги покажува своите совршени нозе, обожавателите не можат да го преболат тоа

967

Американската актерка, пејачка и танчерка Џенифер Лопез (56) се смета за една од најатрактивните ѕвезди на денешницата, а малкумина можат да останат рамнодушни на нејзините заводливи изданија. Џеј Ло е позната по своите бујни облини, но и затегната фигура, па затоа редовно ги воодушевува обожавателите на социјалните мрежи и на настапите. Овој пат, познатата пејачка објави фотографија во убиствена комбинација – трико, хулахопки со цветен дезен и чевли со високи потпетици. Целосно црниот outfit го зачини со беретка, а обожавателите полудеа од глетката.

„Совршенството постои и го носи твоето име“, „Тело од соништата“, „Најубавата жена на светот“, „Не е фер да изгледаш толку добро“, напишаа многумина за Џенифер, која гордо ги покажа своите долги и заводливи нозе.

Многумина ѝ се восхитуваат на пејачката поради нејзиниот младешки изглед и витката фигура во шестата деценија, а таа откри неколку трикови кои ѝ помагаат да изгледа речиси исто како на почетокот на нејзината кариера.

Џенифер верува дека сонот е исклучително важен, па затоа се обидува да спие осум или девет часа и постојано нагласува дека нанесувањето SPF е важен чекор во нејзината рутина за нега на кожата. Таа исто така тренира четири до пет пати неделно, комбинирајќи кардио, тренинг за сила и часови по танц. Секој тренинг е внимателно испланиран за да ги таргетира различните делови од нејзиното тело, обезбедувајќи сеопфатен план за вежбање.

Инаку, Џеј Ло неодамна имаше незгоден момент за време на нејзината турнеја во Турција. Имено, таа сакаше да влезе во продавница на Шанел во Истанбул, но обезбедувањето не ја препозна и на крајот ја спречи бидејќи веќе имаше премногу луѓе внатре. Пејачката не се налути на обезбедувањето и отиде во други продавници, а подоцна беше повикана назад кога сфатија за кого станува збор.

 

 

ИЗДВОЕНИ