
Европската комисија е домаќин на форумот на Виенската иницијатива 2025, чие годинашно издание се фокусира на релевантноста на проектот на ЕУ – Унија за штедење и инвестиции, за економиите на Централна, Источна и од Југоисточна Европа.
Форумот, на кој е најавено учество на гувернери на централни банки, министри, високи функционери на Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд и на Европската централна банка, како и претставници на финансискиот сектор, ќе започне со воведно обраќање на еврокомесарката за финансиски услуги и на Унијата за штедење и инвестиции, Марија Луис Албукерке.
Унијата за штедење и инвестиции е иницијатива на Еврокомисијата, чија цел е создавање подобри финансиски можности за граѓаните и за бизнисите преку зајакнување на потенцијалите на финансискиот систем за насочување на заштедите кон продуктивни инвестиции.
Од друга страна, Виенската иницијатива е рамка посветена на заштитата на финансиската стабилност на Европа, функционирајќи како платформа за поврзување на приватниот и на јавниот сектор, Европската комисија, релевантните институции на ЕУ и на клучните меѓународни финансиски институции.