Екипата на Мекларен ја продолжува својата доминација во Формула 1 оваа сезона. Нова трка и нова победа за тандемот на Мекларен, само што овој пат на чело се најде Ландо Норис, кој триумфално мина низ целта на патеката „Ред бул ринг“ во Шпилберг, додека Оскар Пјастри заврши втор. Зад тандемот на Мекларен заврши дуото на Ферари, Шарл Леклер на третата, а Луис Хамилтон на четвртата позиција.

Трката започна многу возбудливо, но и катастрофално за повеќекратниот шампион, Макс Верстапен, во Ред бул. Прво, загревачкиот круг беше повторен, бидејќи Карлос Саинц во Вилијамс имаше проблеми на стартот и мораше да започне од боксот. По 15-минутно чекање, трката повторно започна, а првиот круг донесе големо возбудување. Пјастри го престигна Леклер на второто место, Норис го задржа водството, а потоа катастрофа за Верстапен! Уште во вториот свијок Кими Антонели го удри болидот на Макс Верстапен во голем метеж, поради што двајцата ја завршија трката.

Потоа следуваше соло трка на тандемот на Мекларен. На петтото место заврши возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, Лијам Лосон беше шести во тимот на RB, а Фернандо Алонсо заврши седми во Астон Мартин. Феноменална трка извозеа возачите на Заубер, бразилскиот возач Габриел Бортолето заврши на осмата позиција, освојувајќи ги првите бодови во својата кариера, а Нико Хулкенберг заврши на деветтото место.

Последниот бод и десеттото место ги освои Естебан Окон, за тимот на Хас.

Ред бул остана без бодови на својата патека, гореспоменатиот Макс Верстапен се откажа во првиот круг, а Јуки Цунода ја заврши трката надвор од топ-10.

Пјастри останува лидер во генералниот пласман со 2016 бода, додека Норис ја намали разликата на 201 бод. Трет на табелата останува актуелниот шампион, Макс Верстапен, кој им 155 бода, но е и далеку од борбата за одбрана на титулата.

ИЗДВОЕНИ