Општина Ѓорче Петров формираше екипа што секојдневно ќе ги чисти и одржува сите детски игралишта и паркови на нејзина територија.
– Целта е нашите најмлади сограѓани да уживаат во безбедна, чиста и здрава средина за игра и рекреација. Во рамките на оваа заложба, реализирана е и редовна теренска акција за чистење на јавните површини на неколку локации во Ѓорче Петров, во соработка со комуналниот пункт – соопштија од Општината.
Оттаму апелираат до сите жители да се грижат за заедничкиот простор, да не фрлаат отпад, како и да се зачува она што се прави заедно.
– Заедно можеме да изградиме почиста и поздрава животна средина за сите нас – заклучија од Општина Ѓорче Петров.