Кошаркарот на Детроит пистонс, Симоне Фонтекио, потврди дека ќе игра за Италија на Евробаскетот оваа година. Искусниот Фонтекио е еден од најдобрите играчи на „азурите“. Тој ја заврши сезоната во НБА со елиминацијата на Детроит во првото коло од плејофот, а потоа се сврте кон националниот тим.
- Ова беше незаборавна сезона. Не заврши онака како што се надевав, но дадов сѐ од себе. Многу ми значи да сум дел од овие тим и град. Чувствувам љубов, почит, топлина. Сега е време да се фокусирам на тоа што ме очекува во текот на летото. Едвај чекам повторно да го облечам дресот на „азурите“. Нè очекува голем предизвик. Уште една приказна што треба да ја напишеме заедно – порача Фонтекио.
Италија е во групата Ц, заедно со Кипар, Босна и Херцеговина, Грција, Грузија и со Шпанија. Оваа група ќе се игра во Лимасол, Кипар, додека финалето ќе се одржи во Рига.