Фонтаната од лава на Хаваи достигнува висина од над 300 метри/ВИДЕО

41
screenshot

На Хаваите, вулканот Килауеа повторно почна да исфрла лава на висина од над 330 метри. 36-тата епизода од тековната серија ерупции на Килауеа започна во недела наутро и траеше речиси пет часа, според Геолошкиот завод на САД.

Серијата ерупции започна на 23 декември 2024 година, објави ABC.

Ерупцијата е ограничена на Националниот парк Хавајски вулкани, а моментално е во сила портокалова тревога, што значи дека ерупцијата е веројатна или веќе е во тек, но без големи количини пепел.

Во најновата ерупција, која се случи на 17 октомври, лавата достигна висина од 450 метри, додека големи количини вулкански материјал паднаа за време на таа епизода.

Геолошкиот завод на САД процени дека тоа е највисоката единечна фонтана од лава што некогаш е видена.

Потенцијалните опасности вклучуваат високи нивоа на вулкански гас што се шират до 16 километри од отворот. Исто така, пријавени се пукнатини на земјиштето и лизгање на земјиштето околу калдерата Килауеа.

ИЗДВОЕНИ