Со цел да ги приближи услугите до граѓаните и осигурениците и да го подобри квалитетот и ажурноста во работата, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување во изминатиов период воведе повеќе новини. Така, почнувајќи од утре граѓаните кои поднеле барање за остварување на право на пензија ќе бидат известувани со СМС пораки каде да го подигнат решението.

– Оваа услуга се воведува со цел избегнување на непотребните доаѓања на шалтерите од страна на граѓаните и намалување на гужвите. Со ова се поедноставува процедурата на работа, а воедно се намалуваат и трошоците во работењето – велат од Фонд за ПИОМ.

Откако решението ќе биде изготвено од службите на Фондот, до граѓаните што поднеле Барање за остварување на правото на пензија ќе ја достави пораката со следниот текст: „Вашето решение со бр.хххххххххххххх е изготвено. Истото можете да го подигнете во Филијалата/Деловницата на ФПИОСМ каде што е поднесено барањето“.

Во рамките на Фондот работи  нов Кол Центар каде што граѓаните и осигурениците може да добијат информации за статусот на предметот или поднесеното барање, како и информации за условите за стекнување на старосна, семејна и навалидска пензија, како и за најнискиот износ на пензија, остварување на права со примена на меѓународни договори, остварување на права од Законот за работни односи: скратено работно време, промена на работно место,  непосредна опасност од настанување на инвалидност, утврдување на својство на осигуреници (земјоделци), продолжено осигурување, упатени во странство и вработени во странство, посебни категории на осигуреници (верски лица),     остварување на права за осигуреници со бенефициран стаж, задршки од пензија, како и за услови услови за остварување на право за сместување во пензионерски дом.

– Во рамките на напорите за подобрување на работата на Фондот и поедноставување на начинот со кој граѓаните ги остваруваат своите права од пензиското и инвалидското осигурување, во изминатиов период  преку новиот портал  uslugi.gov.mk се воведени 13 електронски услуги. Во фаза на тестирање се и услуги, а и кои  ќе бидат ставени во употреба во наредниот период, како што се: Барање за остварување на право на семејна пензија; Барање за остварување на право на инвалидска пензија; Барање за остварување на право на паричен надоместок за телесно оштетување и издавање на дупликат решение – потенцираат од Фонд за ПИОМ.

ИЗДВОЕНИ