Фон дер Лајен повика на создавање независна Еврвопа

202

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен повика на создавање независна Европа откако ја прими наградата „Карло Велики“ во германскиот град Ахен.

„Независна Европа- знам дека оваа порака им звучи застрашувачки на многумиа. Но ова во суштина се однесува на нашата слобода“, рече Фон дер Лајен.

Таа предупреди на погрешното убедување дека се ќе се врати на старо.

„Тоа нема да се случи бидејќи геополитичките тензии се огроми. Светот повторно го обликуваат империјални сили и империјални војни. Големите сили се подготвени да ги употребат сите средства, чесни и нечесни, да стекнат предност“, рече Фон дер Лајен.

Таа укажа на војната во Украина и нагласи дека потребата од вложување во европската безбедност  станува се поитна, пренесува агенцијата ДПА.

„Новиот меѓународен поредок ќе се формира во оваа деценија. Нашата мисија е европска независност“, оцени Фон дер Лајен и истакна дека Европа мора да го обликува тој поредок.

Во економската сфера, целта на ЕУ е да го зајакне партнерството со САД, додека тежнее кон постабилен и стратешки помоќен трансатлански однос“, изјави таа.

„Меѓутоа, знаеме дека 87 отсто од светската трговија се одвива со други земји, а сите тие бараат стабилност и можности“, нагласи Фон дер Лајен.

 

ИЗДВОЕНИ