Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес објави дека го поздравува мировниот предлог на американскиот претседател Доналд Трамп за ставање крај на војната во Газа.
„Ја поздравувам посветеноста на претседателот Доналд Трамп за прекин на војната во Газа. Ги повикувам сите страни да ја искористат оваа можност сега. Европската Унија е подготвена да придонесе“, напиша таа на социјалната мрежа X.
„Непријателствата треба да престанат со обезбедување итна хуманитарна помош за населението на Газа, а сите заложници треба веднаш да бидат ослободени“, додаде таа.