
Близок извор до таборот на каталонскиот гигант Барселона откри дека шефот на стручниот штаб, Ханси Флик, е фрустриран од однесувањето на фудбалерите и од скромната подршка која ја добива од раководните лица. Истиот извор додава дека доколку не се промени таквата ситуација во следните неколку месеци, германскиот стручњак ќе си замине од „Ноу Камп“ на крајот од актуелната сезона.











