Вниманието на јавноста го привлече разговорот помеѓу новиот сириски лидер Ахмед ал-Шара и новинарката на Си-Би-Ес Маргарет Бренан, затоа што многумина тврдеа дека флертувал со новинарката во живо на телевизија.
Сè се случи во емисијата „60 минути“ во неделата вечерта, кога Бренан му рече на Ал-Шара: „Кога се сретнавте со претседателот Трамп во мај, тој ве опиша како згоден и силен маж и рече дека имате силно минато“.
Сирискиот лидер се насмевна и ѝ одговори на новинарката: „Дали имате какви било сомнежи во тоа?“, на што таа беше изненадена, но брзо го врати разговорот на темата.
„Немам сомнежи во вашето силно минато, но токму поради тоа минато американската влада ве окарактеризира како терорист“, му одговори Бренан.
Во првото големо појавување на Ал-Шара на американската телевизија, новинарката на Си-Би-Ес го праша и за неговата улога како лидер на Џабхат ал-Нусра, група поврзана со Ал Каеда, за време на сириската граѓанска војна.
„До пред неколку месеци, имаше награда од 10 милиони долари за вашата глава“, го потсети таа сирискиот лидер, на што тој одговори:
„Тоа би било трошење пари, тоа би биле непотребно потрошени пари. Зборуваме за период од пред 25 години. Имав 17 или 18 години. Нивото на свест што го имате сега е различно од она што го имавте пред 20 години“, одговори тој.
Bro thought 60 Minutes was a dating show 🤣 pic.twitter.com/xj6qPEK48u
— Xumas (@xumas_iq) October 13, 2025