Британскиот боксер Тајсон Фјури (37) му постави ултиматум на својот сонародник Ентони Џошуа, велејќи му дека има рок до крајот на следниот понеделник да потпише договор за нивната борба. Иако Џошуа ја прифати понудата на Фјури за поделба на 60:40, Фјури тврди дека тимот на Џошуа одложува со потпишувањето на договорот две недели.

  • Тие го имаат договорот две недели и сè уште го немаат потпишно. Само си поигруваат. Вие сте група кукавици. Ви давам рок до понеделник или ќе се борам со Мануел Чар! – порача Фјури на социјалните мрежи.

ИЗДВОЕНИ