Ако лекувањето вклучува физикална терапија, треба да ја направите во согласност со однапред утврден план. Бидете совесни и доследни, не прескокнувајте никакви чекори за здравјето ако сакате да дојдат посакуваните резултати во лекувањето
Физикалната терапија во современата медицина има главна цел во лекувањето и е збир на медицински процедури насочени кон враќање на невромускулните функции на телото по повреди и други медицински состојби. По извршениот преглед и констатација на дијагнозата, физиотерапевтот ја одредува терапијата и ве упатува соодветно кон лекувањето и процедурите за физиотерапија.
Физиотерапијата е широк спектар на примена и спроведување во процесот на лекување. Се користи за елиминирање на болката и за подобрување на подвижноста на пациентот. Се користи како дел од сите заболувања со рехабилитација по спортски повреди, фрактури, невролошки, кардиоваскуларни, респираторни и трауматски состојби. Покрај тоа, физикалната терапија има корисен ефект врз општата состојба на телото кај хроничните пациенти. Тоа влијае и го забрзува метаболизмот, но, исто така, ја подобрува и циркулацијата, помага да се забрза закрепнувањето по породувањето кај родилките.
Постојат неколку вида физикална терапија. Најпознатата физикална терапија како примена и главна цел денес е кинезитерапијата, која се користи како енергија и движење со зајакнување на мускулно-коскениот систем. Вежбите се вршат под постојан надзор на физиотерапевт, а кога ќе ги совлада вежбите, пациентот може да ги прави и самостојно, дома.
Во кинезитерапијата се користат методи и тежински товари што ги пропишува физиотерапевтот, доволно е да се изведуваат основните вежби само на душек, но треба да се одредени по процедури и надзор на физиотерапевт. Покрај овој вид физикална терапија, тука спаѓаат и апаратите од модерната технологија. Овие апарати и уреди вклучуваат процедури од: електротерапијата, ласерската терапија, магнетотерапијата и термотерапијата – термичка обработка, сонотерапија – ултразвучна терапија, криотерапија – ледена терапија, механотерапија – масажа на заболениот дел од телото и медицинска масажа. Изборот на аплицираност на процедурите на физикалната терапија зависи од препораките и мислењето на физиотерапевтот според процедурата на дијагнозата во процесот на лекување.
Во процесот на лекување физиотерапевтот треба да му ги обезбеди на пациентот соодветните процедури со 100 % решение во лекувањето за укажаниот проблем, додека пациентот треба да ја има комплетно и реално очекуваната доверба од самото лекување.
По процесот на лекување, телото на крајот ќе се врати во претходната, здрава состојба. Сепак, во некои случаи, можно е само делумно закрепнување, но за ваквата состојба, уште на почетокот од прегледот пациентот е информиран детално за тоа какви ќе бидат ефектите од лекувањето. Секогаш треба да се имаат позитивен став и верба дека рехабилитацијата ќе ги даде посакуваните резултати. Пациентот треба да му даде целосна доверба на својот физиотерапевт за терапијата да биде успешна.
Покрај тоа, упорноста е клучен фактор. Потребно е време телото да заздрави по повреда или ненадејни состојби како мозочен удар. Иако закрепнувањето е бавно, тоа не значи дека напорната работа нема да ја достигне целта во лекувањето. Пациентот не смее да биде демотивиран од фактот што во моментот не забележува напредок, бидејќи физиотерапевтот треба целосно да му се посвети на лекувањето. Понекогаш лекувањето е постепено и тешко е да се забележи, бидејќи болеста има поголем удар врз здравствената состојба. Затоа секогаш треба да се избере физиотерапевт мотиватор што знае како да ѝ пристапи на личноста што ги загубила трпеливоста, довербата и надежта дека ќе се одвива лекувањето со резултати и ефекти. Кај добар, професионален физиотерапевт, експертизата, искуството и вештините за работа со клиенти играат клучна и главна улога. Трпеливоста и упорноста се многу важни фактори во лекувањето.
Исто така, друг неопходен предуслов за успех на физикалната терапија е дисциплината. Кога станува збор за вежбите, обично оние што се прават во центрите за физикална терапија, тие се придружени со физиотерапевт. Целта е да се одржи динамиката и да се придвижи пациентот кон целта со одредено темпо. Некои вежби треба да се прават во серија од неколку повторувања, на пример, трипати на ден. Не би било практично пациентот да доаѓа во центарот секој пат кога ќе треба да вежба. Затоа се важни дисциплината и работната терапија во домашни услови. Некои луѓе не се доследни во одлуките да ги извршуваат вежбите дома, па често резултатите го одолговлекуваат рехабилитирањето. Тие самите признаваат дека им е потребно друштво или авторитет за дополнително охрабрување при изведувањето на вежбите.
Кога станува збор за вежбите во рамките на физикалната терапија, треба да се има предвид дека ова е еден вид третман и дека брзината и степенот на закрепнување зависат од дисциплината на пациентот, но и од строгите постапки на физиотерапевтот. Тоа дефинитивно треба да биде доволно за поттик и вежбање, затоа не прескокнувајте или не игнорирајте третман одреден за процедура од физиотерапијата, бидејќи здравјето не толерира изговори.
За крај, ако забележите здравствен проблем како што е нарушена подвижност или слично, одењето на физикална терапија и физиотерапевт не треба да се одложува. Дијагнозата што се поставува, исто така, не треба да се запостави, бидејќи со ваквиот потег го одолговлекувате и лекувањето. Без разлика дали станува збор за ртг, магнетна резонанција, лабораториски анализи или за некои други испитувања за да добиете точна дијагноза и кога се јасни причините за вашите проблеми, се приближува соодветното лекување. Ако тие вклучуваат физикална терапија, треба да ги направите во согласност со однапред утврден план. Бидете совесни и доследни, не прескокнувајте никакви чекори за здравјето ако сакате да дојдат посакуваните резултати во лекувањето.
Сите процедури во лекувањето строго се спроведуваат од физиотерапевт.
Лекувањето може да трае 10, 15, 21 или 30 дена. Тоа е индивидуално, според утврдениот проблем и дијагноза.
(Авторот е специјалист по здравствен фитнес,
Ординација за физиотерапија ФИЗИОТЕРАПЕВТ-ЗДРАВЈЕ)












