Наместо здравје и долгорочна превенција, дел од луѓето се фокусираат само на брзиот виртуелен ефект, често правејќи грешки кои можат да остават доста сериозни последици по здравјето, вели физиотерапевтот Илија Жежов за весникот ВЕЧЕР  

Како ваш неделен водич за здравјето и ваш физиотерапевт, и оваа недела ставаме посебен фокус на здравјето. Секако, тука од важно значење се здравите навики, исхраната, како и важноста на физичкиот изглед, менталното и психичкото здравје. Избрав професија физиотерапевт затоа што ме интересираше функционирањето на човековото тело уште од мали нозе. Со текот на животот, фитнесот почна да ми станува пасија, па решив дека спојувањето на двете професии физиотерапевт и специјалист по здравствен фитнес е одлична комбинација за давање на здравствената помош што им е потребна на луѓето.

Инаку, наместо здравје и долгорочна превенција, дел од луѓето се фокусираат исклучиво на брзиот виртуелен ефект, често правејќи грешки кои можат да остават доста сериозни последици по здравјето.

Со правилен начин на живот, исхрана и тренинг се превенираат голем дел од болестите и се продолжува животниот век. Со текот на времето, луѓето сфаќаат дека фитнесот не е само превенција туку и сериозна терапија како за физичкото така и за менталното здравје.

Во својата работа гледам посебна вредност кога пациентите прифаќаат промена на животниот стил, воведуваат физичка активност, подобра исхрана и дисциплина.

Токму со ваквиот пристап сериозно може да се намали потребата од медикаментозна терапија, а  тоа е сериозен доказ дека превенцијата функционира добро само кога се придржуваме кон советот и мислењето на физиотерапевтот.

Сакам да нагласам дека, тоа што го инвестираме сега, ќе се одрази на вашето здравје, кога-тогаш. Ако инвестираме со нездрава исхрана, алкохол и стрес, верувајте дека телото ќе најде начин да ви го возврати тоа сосема поинаку. Затоа, честопати мојата физиотерапевтска мисија е да инвестирате во добро здравје, добри навики, физичка активност и правилна исхрана.

Вистинската трансформација не е само физичка, туку и животна

За мене, како физиотерапевт, една од најчестите грешки што ја прават спортистите  во вежбалницата е допингот. Не знаејќи за последиците, ги  занемаруваат хормоните по секоја цена, се фукусираат само на изгледот, а не на здравјето. Затоа, бидете внимателни бидејќи телото памти.

Инвестицијата во себе и во здравите навики не носи резултат само краткорочно, туку претставува основа за поквалитетен и подолг живот.

Исто така, една од најчестите грешки што ја прават младите е посегнувањето по недозволените супстанции и допинг средства, за побрзи резултати. Наместо постепен и здрав напредок, се бара пократок пат до изгледот, без доволно знаење за хормоналните последици и долгорочните ризици. Дополнителен проблем е што изгледот се става пред здравјето, додека, пак, тренингот се доживува како естетски, а не како здравствен процес.

На крајот, на читателите на ВЕЧЕР би сакал само да им нагласам дека, и како физиотерапевт и како специјалист по здравствен фитнес, ме исполнуваат и двете професии, затоа што кога ќе помогнам на пациент, чувството е длабоко. Токму тогаш знаеш дека си имал директно влијание на нечие здравје. Најмногу ме исполнува кога пациентот е подготвен и отворен за промена на животниот стил. Токму тогаш ставаме сериозен фокус на здравјето и директно влијаеме на дегенеративниот процес на болеста. Тука правиме сериозен позитивен пристап кон спречување на прогресивноста на болеста и сериозно подобрување на здравјето, смирување на стресот и позитивно влијаеме како на физичкото, така и на менталното и психичкото здравје.

Процеси во вежбањето:

– Пешачење – 3 до 4 пати неделно од 40 до 1 час.

– Фитнес – три до шест пати неделно.

– Пливање – два до три пати месечно по 1 час со кратки 3 паузи од 5 до 8 минути.

– Возење велосипед, трчање на трака, брзо одење 3 до 4 пати неделно од 15 до 45 минути.

Меѓу подобрите спортови се: кошарка, фудбал, одбојка и планинарење.

За повозрасните лица и за лицата во третата доба, постои посебна скрипта со вежби кои можат серизно да помогнат и да придонесат здравствени придобивки во секојдневниот животен век.

(Автор на текстот е специјалист по здравствен фитнес. Ординација за физикална терапија и рехабилитација ФИЗИОТЕРАПЕВТ-ЗДРАВЈЕ Гостивар).

ИЗДВОЕНИ