Под мотото „За мое добро“, а во рамките на платформата за добросостојба „Ресет“, „Реплек“ ja организира досега најголемaтa фитнес-сесија на отворено. Сесијата ќе биде под водство на познатата фитнес-инструкторка Елена Бубало, а ќе се одржи в сабота, во Паркот на франкофонијата, со почеток во 18:30 часот.
Настанот има цел да поттикне активности што ќе го подигнат нивното на метална и на физичка добросостојба кај граѓаните и ќе го подобрат нивото на општото здравје.
Сесијата ќе биде приспособена на сите возрасти, без оглед на претходната физичка подготвеност на учесниците. Ќе можат да се вклучат и родителите со помали деца, бидејќи е предвидено детско катче за најмладите.
Дополнителна мотивација за фитнес ќе биде поддршката од македонските диџеи Брик и Александар Јорданов, кои ќе имаат свој настап во рамките на настанот.
Настанот е отворен за јавноста.
Ова е четврто издание на настанот во рамките на платформата „Ресет“, чија цел е да поттикне позитивни лични и колективни промени во општеството преку конкретни активности за промоција на менталното и на физичкото здравје, реализирани со поддршка на професионалци и експерти од релевантни области.
Минатиот месец се одржа работилницата за добросостојба во соработка со д-р Александар Митов, на која учесниците имаа можност да стекнат практични совети за здрава исхрана и управување со стресот, а претходно вакви работилници беа организирани и со алпинистиката Илина Арсова, како и со Борче Стаменов – Донирај компјутер.