Фински аналитичар предупредува: Ако Путин е премногу мек, светот се движи кон нова војна

136
epa12321360 Russian President Vladimir Putin Фото: EPA/VYACHESLAV PROKOFYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Финскиот геополитички аналитичар и професор Туомас Малинен рече дека „судбината на цела Европа лежи на рамената на рускиот претседател Владимир Путин“, предупредувајќи дека премногу „мекиот“ пристап на Москва може да доведе до катастрофални последици за континентот и светот.

Во објава на социјалните мрежи, Малинен изјави дека, ако Путин покаже попустливост, Европа би можела да стане жртва на војна која, како што вели, неизбежно ќе се прошири во САД и остатокот од светот, пренесе „Политика“.

– Ако Путин е премногу мек, Европа ќе стане жртва на војна која на крајот ќе ги зафати САД и целиот свет – рече финскиот професор.

Тој претходно оцени дека човештвото се движи кон нова светска војна „толку доследно што изгледа како некој да издал наредба за започнување глобална конфронтација“. Според него, сè што се случува на меѓународната сцена денес е тешко да се објасни со која било друга хипотеза.

Малинен, познат по своите критички анализи на западните економски и безбедносни политики, долго време предупредува дека светот е во фаза на длабоки геополитички промени што би можеле да ескалираат во конфликт од големи размери.

ИЗДВОЕНИ