Финска има највисока стапка на невработеност во ЕУ

27

Финска имаше највисока стапка на невработеност во Европската Унија во ноември од 10,6 проценти, додека Шпанија падна на второ место со 10,4 проценти, објави денес „Евростат“. Разликата меѓу двете земји не е голема, но трендот укажува на предизвици во финската економија, објавува Yle. Шведска е на трето место по невработеност со 9,1 процент.

Финската државна потсекретарка за вработување и економија, Елина Пилканен, изјави дека зголемувањето на невработеноста во Финска е делумно предизвикано од структурните промени и желбата за зголемување на продуктивноста преку намалување на трошоците, што доведе до намалување на бројот на вработени во приватниот и јавниот сектор. Зголемувањето на работната сила и приливот на имигранти, исто така, влијаеја на пазарот на трудот.

Невработеноста е значително помала во остатокот од Европа. Холандија забележа стапка од четири проценти, додека Германија одржува ниска стапка од 3,8 проценти. Иако бруто-домашниот производ расте бавно и во Финска и во Германија, стапката на невработеност е далеку пониска во Германија.

Финското Министерство за вработување и економија предвидува дека стапката на невработеност би можела да почне да опаѓа оваа година, со создавање нови работни места во индустриските сектори. Бројот на вработени во Финска веќе расте за околу 25.000 годишно.

ИЗДВОЕНИ