По објавата за прекинот на производството, слатките со ликер беа распродадени во фабричката продавница во Јивескили.
Менаџерката за комуникации Лота Роито рече дека пазарот за кондиторски производи во Финска веќе со години расте, а продажбата на чоколади, бонбони и слатки посебно се зголемила кај „Панда“.
Историчарката на храна Ритва Кили потсетува дека слатките некогаш биле наменети за возрасните и дека претставувале луксуз.
Дури кон крајот на 19-тиот век станале достапни и за децата.
Според неа, индустријата за слатки одиграла важна улога во формирањето на финскиот идентитет по стекнувањето на независност, бидејќи домашните фабрики ги замениле увозните руски производи.
Статистиката покажува дека Финците годишно трошат повеќе од милијарда евра на слатки.
Цените, особено на чоколадите, значително се зголемија, додека величината на чоколадните производи се намали.
Според Мико Квалајен од „С група“, најпродавани се мешаните бонбони и разни видови чоколади, а годишно се продаваат 30 милиони килограми слатки.
И „Лидл“ бележи раст во продажбата на кондиторски производи во последните 10 години.












